Свет

ЕП го поддржа процесот за признавање на државата Палестина

ЕП го поддржа процесот за признавање на државата Палестина

Резолуција во која се изразува принципиелна поддршка за процесот на признавање на државата Палестина е усвоена денеска од страна на Европскиот паралемент.

Текстот не содржи апел до земјите-членки на Европската унија да ја признаат државата Палестина, како што бараа неколку политички групи во ЕП. Европратениците апелираа за обновување на израелско-палестинскиот мировен процес, кој треба да доведе до решавање на конфликтот и постоење на две држави.

Резолуцијата беше изгласана со 498 гласа „за“ и 88 „против“.

ЕП нема ингеренции да ја признае државата Палестина. Таквата одлука е на земјите-членки на ЕУ. Резолуцијата е симболичен сигнал кон земјите-членки на Унијата.