Свет

ЕП ја отфрли предлог резолуцијата за независност на Палестина

ЕП ја отфрли предлог резолуцијата за независност на Палестина

Европратениците денеска не дадоа зелено светло за предлог резолуцијата, со која се апелира земјите членки на ЕУ да ја признаат палестинската држава, но изгласаа компромисен текст за продолжување на мировните преговори со Израел.

Социјалдемократите, левите и зелените европратеници поднесоа иницијатива за симболично гласање, со која се апелира до 28 земји членки безусловно да ја признаат палестинската државност.

Најбројната Народна партија и четвртата по големина група на Алијансата на демократите и либералите за Европа наведоа дека признавањето треба да следи откако ќе се постигне договор меѓу Палестинците и Израел.

Во октомври Шведска ја призна државата на Палестинците, а потоа парламентите на Велика Британија, на Ирска, на Шпанија и на Франција изгласаа необврзувачки резолуции со кои се признава независноста на Палестина.