Свет

ЕП ќе формира анкетна комисија за „Панамските Документи“

ЕП ќе формира анкетна комисија за „Панамските Документи“
„Панамските документи“ наскоро ќе бидат достапни за јавноста

Европскиот парламент денеска прифати поредлог за формирање анкетна комисија за „Досиејата од Панама“, соопшти прес службата на ЕП, пренесе МИА.

Комисијата ќе разгледува обвиненија за непочитување на законите на ЕУ против перење пари и избегнување даноци.

Комисијата ќе има 65 члена и 12 месеци за да достави извештај. Мандатот на Комисијата беше одобрен на 2 јуни од претседателот и лидерите на политичките групи во ЕП.