ЕП му го одзеде имунитетот на Станишев, за неговото име се врзуваат низа скандали и афери

Европскиот парламент на 12-ти март годинава му го одзеде пратеничкиот имунитет на Сергеј Станишев, кој само две недели претходно ја посети Македонија и оствари средба со раководството на СДСМ, изразувајќи му на лидерот Зоран Заев отворена поддршка за актуелните случувања, пишува „Курир“.

Станишев денеска ќе се обрати на протестот на СДСМ пред Владата и отворено ќе застане зад Зоран Заев.

Европскиот парламент  го повлече имунитетот на Станишев, за да дозволи неговата земја да покрене обвинение против него поради губење на тајни документи. Станишев беше избран за претседател на партијата во 2012 година, но ја презеде таа функција уште во 2011 година кога неговиот претходник Расмусен се повлече.

-Европскиот парламент одлучи да го повлече имунитетот на Сергеј Станишев, се вели во одлуката на Парламентот, каде се додава дека барањето за повлекување на имунитетот е поднесено од јавниот обвинител на Бугарија, објави „Еуроактив“.

Станишев во јули 2010 година беше обвинет за губење на документи во кои имало државни тајни, вели обвинителството во Софија. Доколку биде прогласен за виновен, Станишев, кој беше премиер од 2005 до 2009 година, може да се соочи со затворска казна од две години или парична казна.

Обвинителството го обвини Станишев за „губење на седум документи во периодот помеѓу ноември 2005 година и септември 2009 година“. Документите биле предадени на поранешниот премиер кој требал да ги потпише, но никогаш не биле вратени кај Станишев, вели обвинителот.

Станишев замешан во афера од 1 милион евра.

Сомнежи за корупција предизвикува скандалозната  зделка меѓу претходната власт и австрискиот лобист Петер Хохегер, пишува бугарските медиуми во декември 2009 година.

Во 2008 година Хохегер бил ангажиран од Владата на Сергеј Станишев да направи рекламна кампања за нашата земја во ЕУ. Целта била да се подигне имиџот на Бугарија во странство, а услугата била оценена на 1 милион евра, а парите а Хохегер му биле преведени од Бугарија.

-Зделката предизвика сомненија, дека со парите од Софија, лобистот поткупувал австриски политичари. 100 илјади евра легнале како исплатен хонорар во личната банкарска сметка на поранешниот министер за внатрешни работи на Австрија Ернест Штрасер.  Меѓутоа во договорот со Бугарија никаде не фигурира неговото име. Освен тоа во извештаите кои Хохегер ги испраќал во кабинетот на Станишев никаде не стои сека Штрасер бил дел од проектот, што би ја објаснила заслугата за неговиот хонорар, пишува „Ди пресе“, цитиран од „Дојче Веле“.

Пред истражните органи во Австрија Штрасер изјавил „ Хохегер  имаше еден странски клиент, кој имаше некаков проблем. Јас му помогнав за решавањето на проблемот.“ Скандалот станал се поголем од фактот дека како подизведувач била најмена фирмата на девојка на екс  премиерот Моника, единствена сопственичка на агенцијата “Актив груп”.

Братот на Станишев во милионска афера?

Братот на поранешниот премиер Сергеј Станишев, Георгиј, е директно поврзан со фирма, која била избрана да направи грандиозна реконструкција на државната болница во Русе, објавија медиумите.

Здружението успеало да случи апетитна зделка за солидни близу 8 милиони лева, додека Социјалистичка партија предводената од Станишев управуваше со државата.

Според документите од Агенцијата за јавни набавки, договорот помеѓу блиската фирма до бившата власт и болницата, лиј основен сопственик е Министерството за здравство, а 32 проценти од капиталот е на општината на градоначалникот Божидар Јотов, е склучен на 8.ноември 2006 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.