петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 0

ЕП: Потребно е да се намали количеството на отпадот и фрлањето на храната

Европртениците посакуваат да преработката на отпадот да достигне 70 отсто до 2030 година, наспероти сегашниве 44 проценти, истовремено отпадот кој ќе завршува во депониите треба да биде ограничен само на 5 отсто. Ова е дел од законскиот предлог на европратениците од така наречениот „пакет за отпад“, тие, како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, намалување на фрлањето на храната за 50 проценти до 2020 година.

113420760

Поврзани вести

Кога ќе се погледнат статистиките на сите општини од ЕУ, само 44  отсто од отпадот е преработен. Оваа бројка беше 31 проценти во 2004. А целта е до 2020 година да биде зголемена преработката на отпадот на 50 отсто.

До 2030 година, најмалку 70 проценти од тежината на така наречениот општински отпад, кој доаѓа до домаќинствата и претпријатијата треба да биде преработен со цел да биде повторно искорстен, односно контролиран, исчистен или поправен, се заложија европратениците, додека Европската комисија предложи како цел 65 отсто од отпадот.

За амбалажата, како хартијата, пластиката, стаклото, металот или дрвото, европратениците предлагаат преработените или повторно искористени материјали да достигнат 80 проценти до 2030 година.

Пратениците побараа повеќе и за отпадот кој ќе завршува на депониите од иницијално прелдожените 10 отсто, тие се заложија за само 5 проценти до 2030 година, иако постоти можбсот за продолжување на овој рок за пет години за земјите кои над 65 отсто од општинскиот отпад го фрлаа на депонии. Некои земји како Кипар, Грција, Летонија, Малта и Романија се уште три четвртини од отпадот го фрлаат на депонии.

Фрлањето на храната е друг проблем во развиена Европа, се проценува дека во ѓубрето завршуваат 89 милиони тони на храна, односно 180 кг по жител годишно. Европратеиците зацртаа како цел намалува на фрлената храна за 30 отсто до 2025 и за 50 проценти до 2030 во споредба со 2014 година.

Интерсно е дека во 2014 година, Австрија, Белгија, Данска, Германија, Холандија и Шведска не испратија никаков општински отпад на депониите.

Според проценките подобрувањето на управувањето со отпадот има бројни предности за природната средина и климата, но и за здравјето на луѓето и економијата. Во рамките на промените на европската политика за циркуларна економија, Европската комисија предложи воведување на нови цели за управување со отпадот, односно негово повторно користење, рциклирање или ставање во депонија.

Најчитани вести