Свет

ЕП предупредува дека францускиот Национален фронт злоупотребува пари

ЕП предупредува дека францускиот Национален фронт злоупотребува пари

Европскиот парламент ја предупреди антикорупциската агенција на Европската унија ОЛАФ на можност француската екстремно десничарска партија Национален фронт да злоупотребила пари наменети за помошници на пратениците.

Парламентот во соопштение вели дека претседателот на ЕП Мартин Шулц го известил ОЛАФ за тоа откако откриле дека 20 луѓе добиле пари од буџетот како да се помошници на пратениците, но тие во документи на НФ се споменуваат како официјални претставници на партијата.

– Помошниците кои ги плаќа ЕП мора да извршуваат работа која е директно поврзана со пратеничкиот мандат, се вели во соопштението.

ОЛАФ засега не се изјасни по тој повод ниту Националниот фронт чиј лидер Марин ле Пен е пратеничка во ЕП заедно со уште 22 членови на партијата вклучително и нејзиниот татко Жан-Мари ле Пен кој е основач на таа антиевропска и антиимиграциска партија.