ЕП се „прелеа“: Францускиот амбасадор на рапорт во Кремљ

Руското министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на франција во Москва на разговор, поради „притварањето на руските навивачи за време на Европското Првенство во фудбал“.

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров рече дека односот кон руските навивачи е неприфатлив и дека е „невозможно да се игнорираат провокациите на англиските навивачи“.

Како што е соопштено, амбасадорот Жан Морис Рипер е повикан во министерството каде е извњестен за протестот на Русија поради инцидентот кога се оритворени навивачите на Русија.

Понатамошното подгревање на анти-руските сентименти би можело да ги загрози односите со Франција, соопштуваат од Кремљ.

Исто така, се додава дека на францускиот дипломат му било укажано на дискриминаторкиот и неселективен карактер на мерките насочени кон руските државјани, кога обвинителот во Марсеј одлучил да притвори 43 лица на 48 часа.

Лавров рече дека француската полиција запрела автобус со руски навивачи и ги однела во притвор, за што Москва не била известена.

Им наредиле да излезат од автобусот поради проверка на документи и идентификација. Француските власти не не информираа за намерата да го сторат тоа, рече Лавров.

Меѓу навивачите беше и истакнатиот десничар Александер Шпиригин, кој е предводник на руската навивачка асоцијација.

Дознавме повеќе детали благодарение на социјалните мрежи, кога притворените навивачи поставија фотографии од условите каде биле, рече Лавров.

Тој истакна дека е неприфатливо однесувањето на некои Руси, но дека и тие се изложени на голем број провокации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.