ЕП: Важно е Македонија да спроведе демократски избори

Европскиот парламент денеска напладне треба да гласа за резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл, како и за предложените 17 компромисни амандмани на документот.

На синоќешната дебата во Европскиот парламент во Стразбур, најголемиот број од европратениците се заложија за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ, условени со одржување на фер и демократски избори.

Вајгл: Предвремените избори ќе стават крај на политичката криза

Во најголемиот број од говорите по резолуцијата на Иво Вајгл, изработена според извештајот на Европската комисија за Македонија во 2015 година, се дојде до истата констатација – Македонија мора да излезе од политичката криза, со почитување на договореното од страна на политичките партии со помош на европските посредници.

На 5 јуни, ќе се одржат предвремени избори во Македонија, кои ќе стават крај на политичката криза. Дали изборите ќе се одвиваат во согласност со демократските стандарди, во дадено време Комисијата ќе предложи, а Советот конечно да го одобри отворањето на преговорите за членство на Македонија во Европската унија под исти услови како досегашниот процес на проширување досега, наглaси известувачот Иво Вајгл (АЛДЕ, Словенија).

Вајгл: Предвремените избори ќе стават крај на политичката криза
Вајгл: Предвремените избори ќе стават крај на политичката криза

Бојкотот на парламентот од страна на оние кои ги загубиле изборите, секако, не е во согласност со функционална демократија и е штетно за земјата. Новите избори ќе имаат клучно значење за сите нас, и ги повикуваме сите страни да се придржуваат кон заедничкиот договор, оцени од своја страна Туне Келам (ЕПП, Естонија).

Европската комисија направи позитивната препорака за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, да зависи од однапред спроведувањето на претходните партиски договори. Европскиот совет го поддржа ова во своите заклучоци во декември, а утре Европскиот парламент ќе застане точно со нив и ќе каже: „сочувајте ја вашата демократија, или позитивната препорака ќе се повлече, рече британскиот евтопратеник Ричард Ховит и притоа побара да му се овозможи целосна поддршка на специјалниот обвинител.

Ние, Европската унија, исто така, имаме одговорност во поглед на ситуацијата. Тоа не е само во поглед на прашањето за името, прашањето за името е едно од нив, но не само тоа. Важно е Советот да изнајде решение за  мигрантсктата криза на европско ниво, оцени Тамаш Мечерикс од (Зелените / ЕФА, Унгарија).

Тој ја критикуваше…