ЕП: Важно е Македонија да спроведе демократски избори

Тој ја критикуваше притоа позицијата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, според кој на ЕУ и е потребен „период за дигестија“ пред понатамошното проширување, кој е уште еден елемент кој придонесува всушност за оваа криза. Ова само наголемо придонесе за губење на перспективата на целиот регион на Западен Балкан, смета Мечерикс.

Хан: Македонија е отидена најдалеку од сите кандидати во спроведувањето на придобивките на ЕУ

Македонија според признанието на дебатата е отидена како што рече комесарот Јоханес Хан задолжен за европска соседска политика и преговори за проширување, најдалеку од сите кандидати во спроведувањето на придобивките на ЕУ.

Ние признаваме дека земјата има добро ниво на подготовка и развива функционална пазарна економија, има исто така релативно добро ниво на усогласеност со придобивниките на ЕУ. Ова значи дека добрите закони и стратегии се повеќе или помалку присутни. Но, прашањето како и во сите овие земји е нивната примена и имплементација, рече Хан.

Хан: Македонија е отидена најдалеку од сите кандидати во спроведувањето на придобивките на ЕУ
Хан: Македонија е отидена најдалеку од сите кандидати во спроведувањето на придобивките на ЕУ

Комисијата ја искажа својата подготвеност да ја прошири својата препорака за отворање на пристапните преговори. Ова, сепак, е условено со континуираната имплементација на политичките  договори од јуни/јули и значителен напредок во спроведувањето на приоритетите од итна реформа, исткана во името на Советот на ЕУ, холандската министерка за одбрана Жанин Хенис-Плашарет.

Таа притоа побара, како и другите европратеници, одржливи реформи во областа на владеењето на правото, јавната администрација, заштита на основните права и слободата на медиумите, како и борбата против корупцијата, кои споре неа остануваат и продолжуваат да бидат во центарот на патот на земјата кон ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.