Eпидемија на мали сипаници во Скопје

Епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје прогласи денеска Центарот за јавно здравје- Скопје.

Најголем дел од заразените се деца до четири години, додека останатите се на возраст од 20 до 40 години, а има тенденција на постојан пораст.

Од почетокот на година досега лабораториски се потврдени 25 случаи со морбили, а веќе има најава за нови три до четири случаи во текот на денов.

Последните осум случаи се епидемиолошки поврзани, односно почнало да се шири преку блиски контакти во непосредната околината, истакна раководителката на Одделението за епидемиологија при Институтот, Лилјана Лазаревска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.