Епидемија на МЕРС во Јужна Кореја, затворени 209 училишта

209 основни училишта во Јужна Кореја денеска беа затворени и се преземаат обемни карантински мерки за спречување на ширењето на опасната болест позната кај нас како Нилска треска.

До денеска во Јужна Кореја се откриени 30 инфицирани лица, од кои двајца повозрасни починале.

Нилската треска, позната и како Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС), во Јужна Кореја најверојатно е пренесена од Саудиска Арабија. Во оваа држава од 2012 година, па досега, од МЕРС починаа над 400 лица, а медицината се уште нема откриено доволно ефикасен лек.

Затворањето на училиштата и карантинските мерки во Јужна Кореја уследи од како минатата ноќ биле дијагностицирани пет нови случаи на заразени, од кои четворица се малолетници.

Медиумите во Сеул денеска пренесуваат дека јавноста во Јужна Кореја е огорчена поради недоволно сериозниот пристап на здравствените власти по откривањето на Нилската треска пред десеетина дена. Во Сеул и другите населби од денеска е вообичаена слика на улиците да се видат луѓе со маски за дишење и средства за дезинфекција на рацете.