Епидемија на свински грип во Канада, досега шест жртви

Епидемија на свински грип во Канада, над илјада заболени, и шест жртви досега.

Во канадската провинција Алберта, канадските власти соопштија дека пет лица починале а околу 1.000 се инфицирани со грип од типот H1N1 Во Онтарио од истиот вирус починало едно лице.

Во изминатите недели драстично се зголеми бројот на заболени ширум Алберта, изјави минстерот за здравство на таа провинција Фред Хорн.

Регистрирани се вкупно 965 заболени, од кои 250 се хоспитализирани. Хорн укажа на невообичаена појава на болеста кај млади лица.

Првите луѓе на тамошните здравствени служби изразија загриженост за помладото население коешто е заболено од вирусот од сојот H1N1 поради тоа што не се вакцинирале. „Ги повикувам сите жители на Алберта кои не се вакцинирале тоа да го сторат”, додал Хорн.

Кулминацијата на епидемијата на грипот се очекува во февруари, најавуваат канадските здравствени власти, апелирајќи да се забрза кампањата за вакцинирање и да се спречат навалиците во клиниките.