Свет

Епидемијта на ебола е еден од најсериозните проблеми во светот

Епидемијта на ебола е еден од најсериозните проблеми во светот

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), Петер Маурер смета дека епидемијата на ебола во западна Африка е еден од најсериозните проблеми во денешно време.

– Им пруживме помош на настраданите од епидемијата преку националните организации на ЦК и имаме сопствени активности во таа насока. Организираме обучување на доброволци на ЦК, ја поддржуваме работата на Лекари без граници, работиме на водоснабдувањето во болниците, кои се занимаваат со лекување на еболата. Ги поддржуваме колегите во собирањето финансиски средства, во информатината работа. Сепак нема сомнение дека ова е сериозна криза и дека бројот на заболените секој ден се зголемува, рече Маурер во ексклузивното интервју за ТАСС.

Тој нагласи дека епидемијата на ебола е криза, која претставува закана за дестабилизација на засегнатите земји, но и на целиот регион и додаде дека економските последици се големи, колку и хуманитарните.

– Важна улога во таа борба треба да имаат државите и Обединетите нации. И ние сме подготвени да го поддржиме нивните напори со помош на конкретни акции во соодветните земји, додаде Маурер.

Тој истакна дека изминатата година МКЦК ја прошири својата дејност во Украина, каде ја спроведува една од најсложените операции.

– Треба да признаам дека кон крајот на минатата година во буџетот на Организацијата немаше планирано средства за Украина, бидејќи не очекувавме дека таму ќе има конфликт. Планиравме само мали операции за поддршка на развојот на украинскиот ЦК. Во моментот, пак нашиот заклучок е дека борбените дејствија довеле до хуманитарна криза во Донбас, но и во Украина општо, при што се јави потреба од хуманитарна помош поради напливот на бегалци, додаде  Маурер.

Тој истакна дека во моментот претставници на МКЦК работат во Киев, Донбас, Марипол, Одеса и други области во Украина.