Епидемиолошката состојба е стабилна

Нема нови случаи на заболени од цревни и од кожни болести во Стајковци, најпогоденото место во невремето. Здравствените власти велат дека состојбата е под контрола, луѓето одат на прегледи во привремената ординација.

Механизација се уште ги пробива тесните грла и споредните улички,  војници и доброволци му помагаат на населението.

До вторник треба да заврши дезинфекцијата на куќите.