среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 21

ЕПП: Ја изразуваме нашата силна поддршка и веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните избори

Следејќи ги последните истражувања до кои дојдов, уверена сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните избори во Македонија, истакна  Маргарета Цедерфелд .

margarita-setersfeld

Последни вести

 

Истражувањата покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи на претстојните избори на 11 декември со значајна разлика беше посочено а денешната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со преставници и пратеници од Европската народна партија (ЕПП) кои учествуваат на есенската сесија и на Парламнетарното собрание на ОБСЕ кое од вчера се одржува во Скопје.

„Изминатите десет години спроведени се многу реформи и проекти кои се важни за иднината на земјата. Сите овие резултати и проекти беа препознаени од македонските граѓани. Македонските граѓани гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводиме. Тоа беше потврдено на сите избори изминатите десет години. Сега ни претстојат избори на 11 декември а сите индикатори покажуваат дека повторно ќе победиме на изборите со значајна разлика“, рече Груевски.

Тој изрази надеж дека со овие избори политичката криза во Македонија ќе заврши, и оти треба да се почитува волјата на народот изразена на изборите.

Заменик координаторот на групата пратеници од ЕПП во ПС на ОБСЕ Маргарета Цедерфелд која е претставник на Шведска, изрази уверување дека ВМРО-ДПМНЕ како нивна сестринска партија ќе победи на претстојните избори во Македонија.

„На 11 декември вие ќе имате избори и уверена сум дека следејќи ги последните истражувања до кои дојдов дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Ја изразуваме нашата силна поддршка и пријателство“, нагласи Цедерфелд.

Таа додаде дека пред земјата претстојат и низа други предизвици како што се економските реформи, кои треба да доведат до членство во ЕУ и НАТО. Особено ја истакна и улогата на земјата во справувањето со бегалската и мигрантската криза подвлекувајќи дека Македонија е клучната земја која придонесе да се затвори балканската рута.

 

Најчитани вести