ЕПП: Опозицијата да го прифати договорот што го потпиша на 2. јуни

Европската народна партија (ЕПП) смета дека однесувањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев во Брисел било неодговорно и бара опозицијата да го прифати договорот што веќе го потпиша во Скопје на 2 јуни.

– Со неговото однесување господин Заев ја става во прашање евроспката перспектива на земјата со голем ризик да ја изгуби препораката за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Тоа е најлошото нешто што може да и се случи на земјата и ќе ги засегне нејзините граѓани, како и економскиот просперитет, вели претседателот на ЕПП, Педро Аграмунт, пренесува МИА.

Тој искажува загриженост за политичките настани во Македонија, особено за, како што посочува, неодговорното однесување на опозицијата.

– Како што реков во мојата претходна изјава владеењето на правото е поврзано со почитување на основните и демократските права. Затоа го повикувам Заев да ги преиспита своите обвинувања до македоснската Влада и премиерот Никола Груевски, да ја стави иднината на земјата на прво место и да го прифати и реализира договорот од 2 јуни што се постигна во Скопје со медијација на еврокомесарот Јоханес Хан, изјави Аграмунт.

Со загриженост, нагласи, ја примив информацијата дека Заев со своето неодговорно однесување не сакал да се постигне конечен договор во Брисел на 10 јуни и дека состанокот што требаше да резултира со договор за органзирање на предвремени избори на крајот на април бил неуспешен само затоа што тој не бил подготвен за компромис или прифаќање на било кој од предлозите од еврокмесарот Хан и известувачот на ЕП  за Македонија Иво Вајгл.

– Прогнозите велат дека Македонија треба да има највисок раст на БДП во Европа годинава. Во време на глобана криза тоа се добривести, но би го потсетил Заев дека политичката стабилност е клучна за економскиот развој. Однесување мотивирано од лични политички аспирации во било која форма е неприфатливо во демократско општество, што значи дека заканите од лидерот на опозицијата до премиерот не се соодветен начин за фер критика на Владата. Само политички аргументи и програми изгласани од граѓаните се демократски инстурменти за добивање на избори во деомкратски држави,нагласи Аграмунт.

Конечно, потенцира тој, би сакал да ја нагласам важноста на политичкиот дијалог за решавање на конфликти и да ја повикам опозицијата во Македонија  да се однесува одговрно и да ги почитува демократските правила на политичкиот систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.