Ердоган: Ние депортиравме еден од напаѓачите во Брисел, а Брисел џентламенски го ослободи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја обвини белгиските власти за „мек став“ кон терористички групи.

Ердоган наведе дека белгиските власти треба да поднесат сметка за пропустите во разузнавањето во врска со нападите во Брисел.

– Европските власти се покажаа неспособни откако Турција депортираше еден од напаѓачите во Брисел во јули минатата година, а потоа беше ослободен, истакна Ердоган.

Претходно, турски владин претставник изјави дека еден од напаѓачите во Брисел, Ибрахим Бакрауи бил депортиран двапати од Турција во јули и во август минатата година.

– Толку неспособни влади. Ние го приведовме тој човек во Газиантеп, го депортиравме. А тие џентламени не го направија тоа што беше неопходно и го ослободија терористиот. Тероризмот не е проблем на една земја, тоа е проблем на целиот свет. Тоа треба да се разбере, посочи Ердоган.

Во средата Ердоган изјави дека Белгија го игнорирала предупредувањето од Турција дека Бакрауи е терорист.