Ердоган: Да се одземе државјанството на приврзаниците на тероризмот

Турција ќе разгледа одземање на државјанството на приврзаниците на тероризмот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и порача дека владата нема за што да разговара со терористите.

– Мора да ги преземеме сите мерки, вклучувајќи одземање на државјанството на приврзаниците на терористичките организации, рече Ердоган, алудирајќи на забранетата ПКК, која ја презеде одговорноста за низа напади во Турција во изминатите недели.