Ердоган: Демонстрантите сакаа да предизвикаат хаос во земјата пред изборите

Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги обвини демонстрантите дека се обидуваат да предизвикаат хаос во земјата, за да влијаат на локалните избори, пренесе „Ројтерс“.

Вчера за време на протестите во Истанбул е застрелано едно лице, а во источниот дел на земјата полицаец починал како резултат на инфаркт. Ердоган соопшти дека демонстрантите ги опожариле и уништиле канцелариите на неговата владејачка Партија на правдата и развојот во Истанбул.

„Се претпоставува дека тие се демократи, поддржувате слободата. Тоа се шарлатани, тие немаат ништо заедничко со демократијата , тие не веруваат во изборната урната“, рекол Ердоган на отворањето на церемонијата за подземната железница во Анкара.

„Тие велат – ајде да направиме хаос и можеби ќе имаме резултат. Моите браќа во Анкара и Турција ќе го добијат неопходниот одговор на 30 март , кога ќе се одржат локалните избори во Турција“, додал премиерот.