Ердоган доби оштета од дневниот весник „Хуриет“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган доби отштета од 20.000 лири (околу 10.000 евра) од турскиот весник „Хуриет“, пренесе МИА.

Судскиот процес беше покренат против претседателката на Управниот одбор на „Хуриет“ Вуслат Доган Сабанџи и против новинарот Мехмет Јилмаз за текст објавен на 25 август 2914 година, кој содржел навреди кон претседателот Ердоган.

Адвокатите на Ердоган барале отштета од 100.000 лири (околу 50.000 евра).