четврток, 22 јуни 2017  |  Вести денес: 43

Ердоган: ЕУ е лицемерна

erdogan

Поврзани вести

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја обвини Европската унија за „лицемерност“ поради инсистирањето Анкара да ги прилагоди своите анти-терористички закони во замена за безвизен режим.

– ЕУ вели – ублажете го својот пристап кон терористичките организации, изјави Ердоган, алудирајќи на борбите на Турција со бунтовници на Работничката партија на Курдистан.

– Неможно е да се сфати како тие (ЕУ) може да бидат демократи и како може да веруваат во демократија, изјави Ердоган.

– Тие мислат дека имаат право да се борат со тероризам, но сметаат дека за нас тоа е луксуз и дека тоа е неприфатливо. Дозволете ми да кажам дека тоа се вика лицемерие, нагласи Ердоган.

ЕК: Договорот меѓу ЕУ и Турција не е мртов

екДоговорот меѓу Европска унија и Турција не е „мртов“ поради тоа што Анкара одби да ги промени своите антитерористички закони, за кои критичарите тврдат дека се користат за прогон на дисиденти, соопшти денеска Европска комисија, пренесува МИА.

Портпаролот на Европска комисија Маргаритис Шинас изјави дека Брисел се уште работи на давање на визна либерализација на Турција, што е клучен услов Анкара да се држи до договорот за намалување на бројот на мигранти и бегалци кои доаѓаат на територијата на ЕУ.

Претходно, претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер изјави дека ЕУ нема да одобри визна либерализација за Турција доколку Анкара не го исполни својот дел од задачата.

– Оценуваме дека е важно тие критериуми да бидат исполнети. Во спротивно нема ништо од договорот меѓу ЕУ и Турција, истакна Јункер на денешниот форум организиран од германската телевизиска мрежа WDR.

Најчитани вести