Ердоган: Европа прво сама да се справи со бегалците, а потоа да критикува

Европа прво треба да го погледне сопственото однесување кон бегалците, а потоа да и сугерира на Турција што да прави, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган додаде дека Анкара ќе ги слуша критиките на Европа за правата само кога тие ќе бидат коректни.

Пред новинарите Ердоган нагласи дека Европа „танцува по минско поле“, со тоа што директно или индиретно ги поддржува терористичките групи.

Според зборовите на турскиот претседател, Европа дејствува „нечесно“ и „неискрено“ во односот со овие организации.

Според него различни терористички групи во Турција се обединиле против државата.