среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 45

Ердоган: Германија да положи сметка за геноцидот врз Намибијците

„Нашата историја не е историја на масовни убиства, нашата историја е историја на милосрдие и сочувствување, и со тоа се разликуваме (од Германија)“, заклучил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

erdogan

Последни вести

Германија мора да даде објаснување за убивањето на сто илјади Намибијци, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган одново нафрлајќи се на Германија поради признавањето на нејзиниот парламент на масовните убиства на Ерменците во Отоманското царство од 1915 година за геноцид.

Говорејќи на истанбулскиот универзитет „Сабхатин Заим“ во неделата, турскиот претседател рекол „Германија! Уште еднаш повторувам – вие сте должни да положите сметка за истребувањето на повеќе до 100.000 Намибијци“, пренесува весникот „Daily Sabah“.

Ердоган, исто така, повторно го споменал Холокаустот, додавајќи дека Германија е последната која треба да зборува за геноцид врз Ерменците.

„Нашата историја не е историја на масовни убиства, нашата историја е историја на милосрдие и сочувствување, и со тоа се разликуваме (од Германија)“, заклучил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Под Намибиски геноцид се подразбира масакрот врз 80 отсто од населението на племињата хереро (банту) и нама (хотентоти) во Германска југозападна Африка во периодот меѓу 1904 и 1907 година од страна на колонијалистичките војски на Царска Германија. Во 2004 година Германија го призна извршувањето на геноцидот во Намибија.

Турција вообичаено ги отфрла обвинувањата за геноцид врз Ерменците кон крајот на Првата светска војна во 1915 година од страна на дека околу 1,5 милиони Ерменци се систематски убивани кон крајот на Отоманската империја која тогаш била сојузник со Царството Германија. Турција тврди дека станувало збор за граѓанска војна која ја следела глад, во која загинале од 300.000 до 500.000 Ерменци но исто толку и Турци, како и дека не постоела организирана кампања за да бидат истребени Ерменците или оти постоеле такви наредби од страна на османските власти.

Досега дваесетина земји овие настани ги осудија како геноцид. Прв тоа го стори Уругвај во 1965 година, а потоа неговиот пример го следеа Кипар, Русија, Канада, Либан, Белгија, Франција, Грција, Италија и други земји, како и Европскиот парламент, Советот на Европа, Светскиот совет на црквите итн.

Германскиот парламент на 2-ри јуни со големо мнозинство ја усвои резолуцијата во која се признава Ерменскиот геноцид. Турција реагираше со индигнација на оваа одлука и веднаш го повлече својот амбасадор во Берлин, додека претседателот Ердоган порача дека одлуката на Бундестагот сериозни ќе влијае врз турско-германските односи.

Најчитани вести