Ердоган: Германија се претвори во „засолниште за терористи“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека Германија станала „засолниште за терористи“.

Обвинувајќи го Берлин дека не сака да екстрадира поддржувачи на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, Ердоган нагласи дека на земјата „ќе и суди историјата“,

Тој истакна и дека Германија долго време крие борци на Курдската работничка партија (ПКК) и на екстремистичката група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување.

– Немаме никакво очекување од Германија, но ним ќе им суди историјата за поддржување на тероризмот, нагласи Ердоган.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.