Ердоган го обвини Вашингтон за финансиска поддршка на ИД

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини во петокот Соединетите држава за финасиска поддршка на џихадистичката терористика организација Исламска држава (ИД).

„САД многу не’ разочара. Рекоа дека се борат со Исламската држава, а но што навистина правеа? Куп долари ѝ дадоа на Исламската држава“, изјавил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Според него, Анкара не сака да соработува со Вашингтон „за Африн“, бидејќи САД „постојано ги прекршуваат“ договорите.

Ердоган, исто така, истакна дека САД ветиле дека ќе ги повлечат силите за самоодбрана на сириските Курди, познати под кратенката PYD од сириските области од кои беа потиснати џихадистите, но не го сторител тоа.

„Во Манбиџ, во Рака. Кога предлагавме зедно да дејствуваме таму, тие (Американците) ветија дека таму нема да остане ниден член на PYD, да не се грижиме. И не се придржуваа до своите зборови. Сега во САД е сменето раководството, но се’ остана како претходно“, изјави Ердоган говорејќи во Анкара пред шефовите на регионалните ограноци на владејачката Партија на правото и развојот (AKP).

Како што рекол Ердоган, граѓаните на Турција се прашуваат што прават САД во Сирија. „Се наоѓате на 12.000 километри од Сирија, а имате таму единаесет бази, Зошто доаѓате тука?“, додал турскиот лидер.

Ердоган потцртал дека Анкара не се бори само со Исламската држава, туку и со курдските сили PYD, која во Турција е водена како терористичка организација блиска на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).

„Совршено го гледаме сценариото коешто го развиваат САД, тоа не им приличи на сојузничките односни. Доколку сме заедно во НАТО, тоа не значи дека не можеме да им ги посочиме грешките“, истакнал турскиот претседател.

Притоа Ердоган говорел и за напредокот постигнат во прегопворите со Русија и Иран во врска со таканаречените „зони на деескалација“ во покраината Идлиб, оценувајќи дека позициите на трите земји „многу се доближиле“. Зоните на деескалација го договорија трите земји кон крајот на декември 2016 година и се однесуваат на прекин на огнот областите каде што се судираа сунтиските бунтовници коишто ги поддржува Анкара и владините сили чиишто сојузници во Сирија се Москва и Техеран.

„Операцијата во Идлиб продолжува, како што беше планирано (…) Сакаме примирјето во зоните на деескалација да стане постојано“, заклучил Ердоган.

Претходно турскиот претседател, исто така, ги критикуваше САД, изразувајќи сомневање во изјавите од Вашингтон дека нивните сили кои учествуваа во копнените операции на арапско-курдската коалиција за истиснување на Исламската држава од сирискиот град Рака не учествувале во договорот и префрлањето на 300 џихадистички борци од таму на безбедни ликации, наместо да бидат целосно уништено. Дамаск, пак, ги обвини САД дека овие терористички борци ги дислоцирале од Рака во областите каде што џихадистите беа под офанзива на сириските владини сили.

Руското министерство за одбрана претходно седмицава ги обвини САД дека „имитираат“ борба со Исламската држава. Американците, имено, одбиле да извршат воздушни удари врз терористите коишто се повлекувале од градот ал-Букемал, бидејќи милитантите „доброволно ќе им се предадат“ и подлежат на Женевската конвенција За третман на воените зараробеници.

Меѓународната коалиција предводена од САД, во повеќе наврати ги негираше и отфрлаше ваквите обвинувања, дека даваат различни видови поддршка на Исламската држава.