Ердоган го оцени корупцискиот скандал во Турција како „многу валкана операција“

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го оцени големиот корупциски скандал што ја потресе земјата како една „многу валкана операција“, пренесуваат турските медиуми.

Турскиот премиер посочи дека Владата е свесна за ситуацијата, што ја оцени со изразот „држава во држава“, заканувајќи се дека во најскоро време ќе биде откриен овој заговор и неговата организациска структура.

Ердоган претходно истакна дека станува збор за нов чекор за дестабилизација на земјата од заинтересираните страни, кои не успеаја да го сторат тоа за време на масовните протести во Турција, поврзани со паркот Гези на плоштадот Таксим во Истанбул.