Ердоган го прогласи 15 јули за Ден во спомен на жртвите не неуспешниот пуч

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 15 јули, денот кога беше извршен обид за воен удар, ќе се одбележува како Ден во спомен на жртвите на неуспешниот пуч, јави приватната телевизија НТВ.

– Во 81 окрузи 79 милиони граѓани продолжуваат да се спротивставуваат на најпредавничкиот и најподлиот обид за воен удар во нашата историја, извршен на 15 јули. Сакам да споделам со вас, дека 15 јули го прогласивме за Ден во спомен на жртвите, кој ќе се чевствува секоја година, посочи Ергоган.

Тој додаде дека во операцијата преземена по обидот за пуч досега се приведени 10.400 луѓе, а во затвор остануваат 4.060 лица.

– Владата и безбедносните сили продолжуваат со решителност и успех во своите акции. Турскиот народ треба да има уште малку трпение и уште малку пожртвуваност, наведе Ердоган.