Ердоган го укина министерството за европски прашања

По вчерашната инаугурација, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган направи промени во новиот кабинет во кој ќе има 16 наместо досегашните 23 министри.

Тој го укина министерството за европски прашања, а задржа само четворица министри од стариот тим. Меѓу нив, Мевљут Чавушоглу останува министер за надворешни работи, Сулејман Сојлу повторно е министер за внатрешни работи, а непроменет е и министерот за правда Абдулхамит Ѓул.

Тоа е еден од најважните елементи на новиот систем на државно управување во Турција во кој Ердоган има овластување да ги назначува и разрешува министрите.