Балкан

Ердоган: ИД е вирус кој му се заканува на целиот муслимански свет

Ердоган: ИД е вирус кој му се заканува на целиот муслимански свет

Анкара во изминатите месеци во повеќе наврати беше критикувана дека не прави доволно напори во запирањето на напредокот на ИД преку нејзините граници, наведува АФП.

Ердоган, меѓутоа, вчера по состанокот со претседателот на Ирак Фуад Масума, рече дека мора да се спротивстави на таа група.

– ИД е значаен вирус кој работи за да го подели и уништи „Умахот“, вели Ердоган во телевизиското обраќање, употребувајќо го тој израз за глобалната заедница на муслиманите.

Ердоган изјавил дека другите групи оделе по истиот пат, но дека ИД се покажала како доста снаодлива во користењето на нејзините ресурси.

– Меѓународната стратегија е клучна за да се исуши ова мочуриште. Дури и ако „Даеш“ биде уништен, нешто друго ќе исплива под друго име, вели Ердоган, употребувајќи го терминот што се користи во исламскиот свет за осначување на ИД.

Ердоган нагласува дека меѓународната заедница мора да се сконцентрира на прашањето од каде ИД го добива оружјето и финансиите.