Ердоган издаде наредба за апсење на 42 новинари

Турските власти издадоа наредба за апсење на 42 новинари денеска, објави приватната телезвизиска мрежа НТВ.

Инаку ова е најнов во низата потези по неуспешниот обид за воен преврат во земјата.

Познатиот коментатор и поранешен пратеник Назли Илиџак е меѓу лицата за кои што е издаден налог за апсење, наведува НТВ.

Турските власти суспендираа, притворија и покренаа истрага за над 60.000 војници, полицајци, наставници, државни службеници и други лица во деновите по обидот за воен удар.