четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

Ердоган ја обвини Германија дека го поддржува тероризмот

Турција ја обвинува Германија дека им дава засолниште на курдските и левичарските милитанти, како и на воени лица и други лица кои се поврзани со неуспешниот обид за воен преврат

gestenreich-erdogan-bei-einer

Поврзани вести

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја обвини во понеделникот Германија дека ги помага терористите со тоа што не одговара на илјадниците досиеја кои му се испратени на Берлин и не ги екстрадира осомничените коишто ги бараат турските власти.

„Германија го помага тероризмот“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на конференцијата во црноморската покраина Ризе, а оваа изјава може да ги засили тензиите меѓу овие две земји.

„Ѝ дадовме (на германската канцеларка Ангела) Меркел 4.500 досиеjа, но не добивме одговор на ниту едно“, изјави Ердоган пред членовите на неговата владејачка партија на Правото и развојот (AKP).

„Кога има терористи, тие на може да ни кажат да им го вратиме. Нема да ни ги испратите оние коишто ги имате, но можете од нас да ги барате своите. Значи вие имате правосудство, а ние во Турција го немаме?“, додаде турскиот претседател.

Во Берлин извор од германската влада за Reuters ги отфрлил најновите обвинувања од страна на Ердоган.

„Сѐ е всушност кажано за тоа. Да се повторуваат истите обвинувања секогаш одново не се чини воопшто повистинито“, рекол неименуваниот соговорник на агенцијата.

Турција ја обвинува Германија дека им дава засолниште на курдските и левичарските милитанти, како и на воени лица и други лица кои се поврзани со неуспешниот обид за воен преврат од 15 јули 2016 година за кој официјална Анкара го обвинува исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кои од 1999 година живее во доброволен егзил во САД и кој негира негова вмешаност во пучот.

Најчитани вести