Ердоган казнет 4.000 долари за навреда

Турски суд денеска парично го казни претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, поради навредa, објави МИА.

Ердоган треба да плати 10.000 лири (4.000 долари) отштета на скулптор, чиј споменик го нарече „монструозен“.

„Споменикот на пријателството со Ерменија“, се наоѓа во градот Карс, на границата межу двете земји. Ердоган при неговата посета на Карс во 2011 година побара од локалните власти да го демонтираат споменикот.

Авторот на споменикот, скулпторот Мехмет Аксој го тужеше Ердоган за навреда.

Судот реши дека Ердоган мора да му ја исплати посочената сума на Аксој поради нанесените морални штети.