Ердоган: Ќе ги исчистиме институциите од вирусот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денес дека обидот за пуч изведен од терористичката група на имамот Фетула Ѓулен е срушен од волјата на народот.

Тој додаде дека чистењето на тој „вирус“ од сите државни институции ќе се продолжи, јавува Ројтерс.

Турскиот лидер тоа го изјави на денешниот погреб на некои од убиените лица за време на обидот за преврат.

Тој додаде дека апсењата на оние што, како што рече, ги уништија вооружените сили ќе биде продолжена во сите редови на војската. Ердоган исто така наведе дека турските министерства за правда и за надворешни работи ќе упатат писмено барање до САД и другите запасни влади за испорачување на следбениците на Ѓулен.

Турскио т претседател истовремено ги повика граѓаните и своите следбеници да останат на градските плоштади.