Ердоган: Ќе се сретнам со Путин во Кина

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави во Анкара дека договорил средба со неговиот руски колега Владимир Путин.

Како што се наведува, Ердоган и Путин ќе се сретнат за време на самитот Г-20 што во септември ќе се оддржи во Кина.

Имав телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Уверен сум дека разговорот беше мошне корисен. Се договоривме да ги вратиме нашите односи на претходното ниво и се одлучивме да оддржиме сестрани разговори во септември во рамки на Самитот Г-20 во Кина, рече Ердоган, пренесува Спутник.

Турскиот претседател додаде дека Путин и тој ќе им наложат на министрите за надворешни работи на нивните земји да разговараат за сите аспекти по тоа прашање за време на состанокот ма маргините на самитот на Организацијата за црноморска економска соработка на 1-ви јули во Сочи.

Портпаролот на претседателот Путин на прашањето дали е можна средба на двајцата лидери во Кина, не даде директен одговор:

Местото и времето ќе бидат договорени по дипломатски пат, рече Песков.