Ердоган ќе атакува на четврти премиерски мандат

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вели декае можно да бидат отстранети ограничувањата во статутот на владејачката Партија за правда и развој за максимум три последователни пратенички и/или премиерски мандат, јавува електронското издание на турскиот весник „Милиет“.

На предизборниот митинг во градот Орду, турскиот премиер навести дека имајќи ги предвид последните случувања во државата (големиот корупциски скандал што ја тресе земјата) може да има промени во правилата воведени од него самиот во однос на ограничувањата за бројот на мандати. Тоа на Ердоган би му го отворил патот за четврти пратенички мандат односно четврти премиерски мандат.

Во меѓувреме продолжуваат размесувањето на раководние кадри со силите за безбедност и во таа насока се очекуваат нови чистки како во полицијата, така и во другите јавни структури и институции, посочува „Милиет“.