Ердоган: Ќе ги забранам Фејсбук и Јутјуб

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани дека по изборите на 30 март во Турција  ќе забрани користење на друштвената мрежа Фејсбук и музичкиот канал  Јутјуб.

„Има нови мерки кои ќе ги превземеме по изборите на 30 март, вклучувајќи забрана на Фејсбук и Јутјуб“, рекол Ергодан за приватната турска телевизија АТВ.

Турската опозиција бара оствака од Реџеп Таип Ердоган откако во земјата изби скандал, бидејќи висок функционер е приведен за корупција.

Минатата недела на Интернет беа објавени снимки на телефонски разговори кои дректно го поврзуваат Ердоган со корупцја. Во разговор, чија автентичност засега не е потврдена, Ердоган од својот син бара да скрие огромни суми на пари.

Турскиот премиер во средата ја обвини опозицијата за завера со цел да се сруши владата, а телефонските разговори ги оцени како „неморална монтажа“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.