Ердоган ќе разговара за сириската криза за време на посета на Иран

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска е во официјална посета на Иран, за време на која ќе се дискутира економските односи меѓу двете земји, како и за сирискиот конфликт, пренесе „АФП“.

Посетата е дел од напорите на двете земји да ги подобрат односите, кои претходно беа затегнати од сириската криза. Иран и Русија остануваат главни сојузници на сирискиот режим, додека Турција ја поддржува опозицијата.