Ердоган ќе се кандидира за претседател на Турција

Турската владеачка партија на Правдата и развојот соопшти дека премиерот Реџеп Ердоган ќе се кандидира за претседател на државата на изборите во август, објави Би-Би-Си.

Ердоган, кој е 11 години премиер, и покрај големите скандали, ужива голема популарност во Турција. Ердоган го предводеше економскиот развој на земјата, но предизвика и остри критики во Турција и светот за неговиот авторитарен систем на владеење.

Партијата на Правдата победи на шест последователни избори на национално и локално ниво и одрува солидна поддршка во базата на средната работничка класа.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.