Ердоган ќе си поднесе оставка

Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, објавил дека е подготвен да поднесе оставка доколку неговата партија, која што е на власт од 2002-ра година, изгуби на клучните избори кои што треба да се одржат овој месец.

„Спремен сум да излезам од политиката, освен ако мојата партија не победи на изборите закажани за 30-ти март“, рекол Ердоган кој се бори против истрагата поврзана за корупција, што е најголема пречка во текот на 11-те години власт.

Скандалот врзан за корупција избил во декември, по што се приведени повеќе десетина соработници поради корупција, шверц со злато и илегални контакти со Иран.

Ердоган ги обвинил соработниците на неговиот противник Фетулах Гулен, влијателен муслимански свештеник кој се наоѓа во САД, за измислување на афера.

Оваа афера, како и неговите остри реакции на истата, му нанасоа огромна штета на премиерот, но и на угледот на земјата.