Ердоган ќе воведе часови по отомански јазик во школите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјавил дека ќе препорача воведување отомански турски јазик како задолжителен предмет во средните училишта.

Потегот наиде на остри критики на приврзаниците на секуларизмот кои тврдат дека Ердоган се повеќе го исламизира општеството.

Турскиот Национален совет за образование кој воглавно е составен од луѓе блиски на партијата на Ердоган, гласаа изминатиот викенд за воведување обврзни часови по отомански јазик во верските средни училишта, додека во другите средни школи тие часови би биле изборни.

Ердоган рече дека часовите по отомански турски јазик се потребни за повторно укинување на врските со „корените“.

Основачот на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк во 1928 година го укинал отоманскиот јазик и го заменил арапското писмо со латиница, а јазикот бил „исчистен“ од многу арапски, персиски и грчки зборови за да се создаде „чист“ турски јазик. Критичарите на Ердоган истакнуваат дека најавата за воведување отомански како обврзан предмет во школите е уште еден обид да се поништат секуларните реформи на Ататурк.