Ердоган: Можам да ги отворам вратите кон Грција и Бугарија и да ги качам бегалците на автобуси

Можам да ги отворам вратите кон Грција и Бугарија во секое време и можам да ги качам бегалците на автобуси… Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во текот на ноември минатата година се заканил дека „ќе ја преплави Европа со бегалци“, доколку европските лидери не му доделат повеќе средства за справување со бегалсаката криза, тврди грчкиот инфромативен сајт Euro2day.gr, а пренесува МИА.

Сајтот, кој е специјализиран за финансиски вести, објави делови од стенограми од средба на Ердоган со претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, која се одржала лани во ноември.

Ердоган: ЕУ ќе треба да се справува со по 10 до 15 илјади бегалци

Иако во стенограмите не е точно прецизирано кога и каде се случила средбата, сајтот наведува дека тоа најверојатно било на 16 ноември во Анталија на маргините на Самитот на Г-20.

Според Euro2day.gr, од стенограмите е видливо дека средбата била тензична и дека на неа имало „длабока взаемна недоверба“ меѓу турскиот претседател и европските претставници.

Мигрантите од Турција пристигнуваат во Грција
Мигрантите од Турција пристигнуваат во Грција

Можам да ги отворам вратите кон Грција и Бугарија во секое време и можам да ги качам бегалците на автобуси… Ако не ни дадате три милијарди евра за две години, тогаш нема смисол да разговараме. Грција доби 400 милиони евра за време на кризата, Требаше да задржиме дел од тие пари и да ги искористиме за создавање на безбедносна зона во Сирија, со што ќе го решевме проблемот со бегалците, наводно рекол Ердоган на средбата.

Според стенограмите, Ердоган нагласил дека ЕУ ќе треба да се справува со по 10 до 15 илјади бегалци и ги прашал Туск и Јункер како мислат да се соочат со тоа.

Дали ЕУ ќе ги убие бегалците за да се справи со кризата, прашал Ердоган.

Турскиот претседател…