Ердоган му се извини на Путин за соборувањето на авионот

Турскиот претседател Реџеп Ердоган се извини на претседателот на Русија Владимир Путин за загинувањето на рускиот пилот на Су-24, соопшти на новинарите Прес секретарот на државниот глана на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин доби порака од турскиот претседател Ердоган каде Турција изрази подготвеност за решавање на ситуацијата во врска со соборувањето на рускиот воен авион, рече Песков.

Во својата порака, турскиот претседател изразил сочувство до семејството на рускиот пилот и рекол: „Жал ми е“.

Кремљ додаде дека, во својата порака на Путин, Ердоган рекол дека истрагата е во тек против турски државјанин, кој „е поврзан со смртта на рускиот пилот“.