Ердоган: На 16 декември почнуваме нов процес на преговори со ЕУ

Премиерот Реџеп Таип Ердоган, истакнал дека има среќна вест за турскиот народ , бидејќи на 16-ти декември започнува еден сосема нов процес во односите со ЕУ, пренесуваат локалните медиуми.

Ќе слушнете за тоа на 16-ти овој месец, кога се ќе биде потпишано, немам право уште отсега да давам повеќе детали“, посочил Ердоган, очигледно алудирајќи на спогодбата со ЕУ и придружната визна либерализација за турските граѓани.

Турција веќе 50 години чека пред вратите на Европската Унија. Дали оваа година земјата ќе добие можност да пристапи кон европското семејство, останува да видиме по 16-ти декември, пишуваат турските медиуми.