Балкан

Ердоган на почетокот од јануари патува во Париз

Ердоган на почетокот од јануари патува во Париз

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе го посети Париз на 5-ти јануари каде што ќе се сретне со францускиот колега по должност Емануел Макрон, а се очекува дека една од главните теми ќе биде војната во Сирија, открива во саботата извор од Елисејската палата.

Од сите регионални кризи за коишто двајцата челници ќе разговараат, посебно ќе фокус ќе биде на Сирија, како и ситуацијата во Палестина, открива соговорникот на Reuters, неколку седмици откако САД ги признаа Ерусалим за израелска престолна.

Тој потег предизвика загриженост кај американските сојузници на Западот и гнев кај арапскиот и муслиманскиот свет. Ердоган беше еден од најжестоките критичари на ваквата одлука на Вашингтон.

Ердоган, исто така, претходно оваа седмица ги искажа и еден од најжестоките коментари за сирискиот претседател Башар ал-Асад, нарекувајќи го терористи и истакнувајќи дека е невозможно да се продолжат мировните преговори за Сирија доколку тој не се повлече од власта. Асад, пак му возврати дека Анкара е една од земјите коишто се одговорни за сирискиот конфликт

Меѓутоа, Турција заедно со Русија и Иран, кои се сојузници на сирискиот претседател и сметаат дека за неговата иднина треба да одлучуваат само Сиријците на избори, е покровител на мировните преговори меѓу владата во Дамаск и опозициските сили врз кои имаат поткрепа од Анкара.

Од друга страна, Макрон неодамна рече дека Франција ќе ги поттикнува мировните преговори кои ги вклучуваат сите страни во шестгодишниот судир во Сирија, вклучително и Асад, и вети „иницијативи“, на почетокот од следната година.

Изворот од Елисејската палата открил дека и двајцата челници ќе расправаат и „за прашањата за човековите права“.