Ердоган не сака младина со тетоважи и пирсови!

Во Службениот весник на Турција се објавени сет правила според кои е забрането разубавување на лицето, косата и ноктите меѓу учениците. Малолетните ученици не смеат да имаат бркови или брада. Освен ова на машките и на женските деца им се забранува да имаат тетоважа или пирсинг.

Воведена е и забрана за носење на капа, шал, или торба со политички симболи. Претставниците на турската опозиција ги нарекоа мерките репресивни и чекор кон исламизација на Турција.Оние ученици кои нема да ги почитуваат Правилата ќе бидат избркани од училиште.

Некои од училиштата писмено протестираа против владините правила.

„Што да прават децата кои веќе имаат тетоважа, да си ја соголат кожата“ праша Вели Демир, водач на секуларниот синдикат на образованието.Тој најави дека ќе поднесе жалба до Државниот совет – највисок суд во Турција.

Од конзервативниот синдикат пак предложија да се одвојат машките од женските ученици во државните училишта.

По победата на Ердоган за претседател на државата се очекуваше дека во Турција ќе наиде бран на конзервативизам кој ќе ја одалечи Турција од секуларните вредности.