Ердоган: Не зборувам со Обама

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повеќе не разговара со американкиот престедател Барак Обама. Анкара е разочарана со американскиот пристап кон сириската криза.

„Порано го барав директно. Бидејќи не ги добивме очекуваните резултати во Сирија, сега за тоа разговараат нашите министри за надворепни работи“ рекол Ердоган за турската телевизија АТВ.

Прекинот на комуникацијата меѓу Обама и Ердоган уследил после неговата средба во Белата куќа, во средината на февруари, после кој Вашингтон доста остро се срушил врз турскиот лидер, обвинивуајќи го дека погрешно ја пренел содржината на разговорот.

Ердоган последните денови сериозно ја заострил реториката околу сите кризи во кои Турција имала било каков интерес, па го обвинил Израел за „геноцид“ над Палестинците и ја критикуваше Америка заради неодговарачката“ тактика на Тел Авив.

Стејт департментот изјавите на Ердоган ги оценил како „погрешни и навредливи“, а турскиот премиер возвратил велејќи дека Вашингтон би морал да почне да се навикнува на критики.

Запаливата реторика на Ердоган, според аналитичарите е производ на фактот дека во Турција се наближуваат претседателските избори.