Ердоган: Нема да ја ограничуваме слободата на интернетот

Откако наиде на многу негативни критики од страна на домашните и странски критичари, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, изјавил дека новиот закон за интернет нема да ја цензурира и ограничи слободата, туку ќе спаси младите генерации од неговата потенцијална штета.

„Ние ќе направиме аранжмани, без да ја ограничуваме слободата, но и без да ги изложуваме децата на закани, игнорирајќи ги опасностите од мрежата. Генерациите во Турција нема да бидат робови на технологијата, бидејќи тие ќе владеат со неа“, рекол Ердоган, пишува весникот „Хуриет“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.