Ердоган: Нема отстапување во политиката за кипарските Турци

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека нема да бидат направени никакви отстапки во однос на политиката на Турција поврзана со кипарските Турци.

–  Не е можно да направиме било какви отстапки во нашата политика во однос на Турската Република Северен Кипар и на изворите на енергија на осторвот, изјави Ердоган во рамки на неговото обраќање на Шестиот светски форум за регулирање на енергија во Истанбул, пренесе Анадолија.

Ердоган, исто така, рече дека Турција била клучна земја за користење и доделување на ресурси од островот, која што, како што рече, му припаѓа на секој жител.

Политичките тензии на островот се намалени по продолжувањето на разговорите на 15 мај и откако Мустафа Акинчи беше избран за нов претседател на кипарските Турци минатиот месец.

Акинчи и лидерот на грчки Кипар Никос Анастасиедес се сретнаа на 23-ти мај и закажаа нова средба на 28-ми мај.

Администрацијата на кипарските Грци еднострано ги суспендира разговорите во октомври минатата година откако Турција создаде советодавно тело во име на Турската Република Северен Кипар за сеизмички истражувања во близина на брегот на Кипар.

Островот беше поделен на влада на кипарските Турци во северниот дел и на администрацијата на кипарските Грци во јужниот дел по 1974 година откако по воениот удар од страна на Грција, Турција спроведе мировна операција како држава гарант во Кипар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.