Ердоган: Ниту една партија не доби мандат самостојно да управува со земјата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ниту една партија не доби мандат самостојно да управува со земјата по парламентарните избори и ги повика сите политички сили да работат на почитување на атмосферата на доверба и стабилност во земјата, објави МИА.

Мислењето на нашиот народ е над се друго, посочи Ердоган во соопштението, лиферувано од неговиот кабинет.

Ова е неговата прва јавна реакција на вчерашното гласање, посочуваат британските медиуми.

Верувам дека резултатите, кои не и даваат можност на ниту една партија да состави еднопартиска Влада, ќе бидат оценети трезвено и реалистички од секоја партија оделно, се наведува во соопштението на Ердоган.

Надежите на турскиот претседател да ги преземе извршните овластувања во неделата наидоа на голема препка, кога владеачката Партија на правдата и развојот за прв пат откако е дојдена на власт не успеа да обезбеди категорично мнозинство во парламентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.