Ердоган од Тракија повика на почитување на правата на турското малцинство

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика во петокот на почитување на правата на муслиманското малцинство од турско потекло во Тракија, на североистокот од Грција, во текот на вториот ден од историската посета на регионалниот турски опонент, со која стана првиот турски челник кој по 65 години допатувал во Атина.

„И натаму напорно работиме на подобрувањето на квалитетот на живото на нашите граѓани од грчко потекло, наше право е да очекуваме еднаков пристап и од Грција“, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган во својот говор во Комотини, град во кој живее поголемиот дел од турското малцинство, коешто Грција го означува како муслиманско население.

Околу илјада припадници на оваа заедница дошле одушевено да го пречекаат турскиот претседател кој ден по разговорите во Атина со грчкиот државен врв пристигна во посета на турското малцинство во Тракија којашто граничи со Турција.

Во Атина во четвртокот, каде што беше првиот трски претседател во официјална посета на Грција во последните 65 години, Ердоган уште во разговорот со грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази жалење поради „дискриминацијата“ на грчките власти кон муслиманското малцинство.

Во средата вечерта Ердоган го критикуваше Договорот од Лозана, од 1923 година, кој според него е со погрешни пресметки за воздушниот и поморскиот простор со кој располага Турција, односно Грција. Договорот кој ги одредува границите на новата турска држава на крајот од Отоманското царство содржи и поглавје посветено на правата на малцинствата. Атина и натаму ги именува муфтиите, верските челници на муслиманското малцинство, и не ги признава оние коишто ги избрала заедница, како што предвидува договорот, истакна Ердоган во четвртокот.

Неговата посета би требало да претставува можноста за подобрување на главно тензичните односи меѓу двете држави, без обѕир на одредените позитивни придвижувања последните години.

Најновите напнатости се поврзани со одбивањето на грчкото правосудство да ги екстрадира во Турција осумте офицери коишто со хеликоптер пребегнаа во Грција по неуспешниот обид за воен преврат од ноќта на 16-ти јули 2016 година.